Темно Режим Светло Режим

Почна увид во избирачкиот список

Јавниот увид во Избирачкиот список започна денес (23 август) и ќе трае 20 дена — заклучно со 11 септември на полноќ. ДИК ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци и навреме да пријават евентуални неточности.

Поднесувањето барања за запишување, дополнување или бришење на податоци се врши писмено во подрачните одделенија или месните канцеларии на ДИК, како и по електронска пошта. Комисијата е должна да донесе решение во рок од 24 часа од приемот на барањето, а против одбивачко решение може да се поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува во рок од 24 часа.

Подрачните одделенија, чиј список е објавен на веб-страницата на ДИК, работат секој ден од 8 до 20 часот (и за викенд и празници); на последниот ден од увидот (11 септември) ќе бидат отворени до полноќ за проверка во националниот избирачки список.

Упатство како да проверите онлајн – чекор по чекор:

Отворете ја официјалната страна на ДИК со кликнување на овој ЛИНK

По ЕМБГ“ – внесете матичен број и безбедносен код, па кликнете „Барај“. Ќе добиете потврда дали сте запишани.

Ако забележите неточност (погрешни податоци/непронајден запис), поднесете барање за запишување, дополнување или бришење на податоци – писмено во подрачно одделение/месна канцеларија на ДИК или по електронска пошта на izbori@sec.mk. Со барањето приложете соодветни докази.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Следниот Пост
Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Странски експерти ќе ја анализираат праксата на приватните болници по тврдењата за непотребни операции