Почнува филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија

Седмиот по ред филмски фестивал за млади, Џифони Македонија, стартува денеска а ќе трае до 17 октомври. Ќе се одржи на повеќе локации низ Скопје. На фестивалот ќе има филмови, креативни работилници, мастер-класови и креативни и едукативни активности, кои ќе вклучат околу 650 деца и млади од десет земји на возраст од 11 до 19 години.

-Главната тема на која ќе се фокусираат е заштита на животната средина, со посебен акцент на воздухот. Не помалку важни теми во повеќето филмови и активности ќе бидат и безбедноста на интернет и борбата против врсничко насилство. Учесниците, поделени по возрасни групи, во улога на жири ќе ги одберат најдобрите филмови за младата публика, најавуваат организаторите.