Почнува топлиот бран, но ќе има и поројни дождови

Во Скопје времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 32 степена. За попладне се најавува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

И во другите деловина Македонија слично време. На некои места ќе дува засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.