Темен режим Режим на светлина

Подметнат пожар во центарот на Скопје, изгореа два автомобила

Едно возило изгорело, а друго е оштетено, во пожар што вечерва се случи позади зградите кај Зелено пазарче во Скопје.
Освен поголема материјална штета, дознаваме дека нема повредени.
На огнот, нешто пред полноќ му претходела експлозија што ја слушнале станарите на зградите. Покрај изгореното „БМВ Х“ оштетен е „Цитроен Ц4“.
Пожарот го зафатил и маркетот до кој биле паркирани возилата.
Пожарникарите брзо го локализираа пожарот и спречија да не се прошири на околните згради.
Се претпоставува дека и овој пожар е подметнат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Повторно летаат дронови во Данска, затворен аеродромот во Алборг

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Времето денеска променливо облачно, попладне дожд и грмежи