Темен режим Режим на светлина

Подметнување пожар да се преквалификува во тероризам, ќе предложи Мицкоски

Законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, предлага премиерот Христијан Мицкоски.
Тој информираше дека веќе разговарал со координаторот на неговата пратеничката група за итно менување на Законот со што подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години.
Мицкоски истакна и дека досега се идентификувани дваесетина лица за кои постојат основани сомневања оти стојат позади пожарите и дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните во предизборието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Практичната настава во „Булмак 2016“ креира идни рудари и инженери од Македонија, Хрватска и Норвешка

Следна објава
Продолжениот викенд го одложи утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Започна „Марш за ангелите“ во Кочани: Шест месеци од трагедијата што одзеде 62 животи