Темно Режим Светло Режим

Поднесна е кривична пријава против началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода

Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.

Претходниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Пијан маж во Бутел крвнички ја претепал својата сопруга со чадор, ја удирал по телото и главата

Следниот Пост

Истрага за вработен во Народна банка за прикривање на оружје од двојното убиство