Подновена хоризонтална сигнализација на скопските улици и булевари

Во текот на изминатиот период обележани се вкупно 10.040 квадратни метри површина улици и булевари во градот, соопшти денеска Градот Скопје. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ коишто ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници во текот на вечерните часови интензивно работат на обновување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари.

-Обновена е хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите во општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и во општина Сарај. Со бележењето обновена е бојата на полните линии, стрелки за насока, ознаките за автобуска постојка и пешачките премини. 3.078 квадратни метри се рачно обележани, а 6.962 квадратни метри се машински, се наведува во соопштението.

Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестДоколку се прифати францускиот предлог ЛДП излегува од Владата
Следна вестОд утре забрана за движење во шуми од 6 до 20 часот, казна и до 2.000 евра