Home АКТУЕЛНО Подобро некогаш отколку никогаш: По една деценија исчистен канал-депонија на Водно

Подобро некогаш отколку никогаш: По една деценија исчистен канал-депонија на Водно

0
Подобро некогаш отколку никогаш: По една деценија исчистен канал-депонија на Водно

По повеќе од десет години службите на Општина Центар го исчистија каналот кој се наоѓа во непосредна близина на полициската станица на Водно, односно т.н. Шеста управа. Со помош на механизација изминатите неколку дена од каналот со должина од околу 100 метри извадени беа над 50 м3 кал, градежен и комунален отпад, гранки и паднати дрва, посочија општинските власти.

Општината го исчистила каналот по барање на граѓаните, но и на рекреативците кои секојдневно ја искачуваат планината со што овој дел од Центар добил, како што велат, почист лик, а до медиумите испратија слики со „пред“ и „потоа“.

Оваа активност е по бројните забелешки од жителите од овој дел од општината, но и од рекреативните планинари, кои извесен период бараат да се реши состојбата со овој канал. Ова е апел и до останатите жители секаде каде што има потреба од интервенција од службите, да се обратат до општината.