„Поетска ноќ во Велестово“ од 19 до 21 август во Охрид

Од 19 до 21 август во Велестово се одржува „Поетска ноќ во Велестово“.

Во петок, со почеток од 21 часот започнува официјалната програма со поетски портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. Потоа ќе следи отворањето на ликовната изложба „Плачот на Адам“, на уметникот Никола Пијанманов, која ќе се одржи во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

За следниот ден од манифестацијата, односно 20 август, предвидени се настанот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“, серија настани кои ќе заппќнат во 11 часот претпладне во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид.

Фестивалот ќе заврши во недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.

Претходна вестИскорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови во невремето во Неготино
Следна вестОд денеска до петок портокалова фаза, разладување во сабота