Поевтинуваат сите горива од полноќ

98

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари по литар.

Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 68 на 67,5 денари. Цената на мазутот бележи зголемување за 0,4 денари, односно од утре ќе изнесува 37,9 денари по килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЈанев: Македонската полиција е силен и доверлив партнер
Следна вестСелтик сака да го купи Бојан Миовски и да го врати во Шкотска