Полицаец од Синѓелиќ пукал со пушка на семејна веселба, ќе добие кривична пријава

МВР соопшти дека е приведен полицаец кој пукаше на семејна веселба во Скопје. Станува збор за полициски службеник од Синѓелиќ во чиј дом полицијата извршила претрес, по претходно добиени информации дека вработен во полициското одделение Петровец при СВР Скопје пукал на веселба во двор, со што извршил кривично дело предизвикување општа опасност.

При претресот, како што соопшти МВР, била пронајдена пушка „хуглу“ модел ХР 7, користена при кривичното дело, и пиштол за светлосно-звучна сигнализација „екол“, кои полицаецот ги поседува со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.

-Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В. И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против В. И. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, соопшти МВР.

Претходна вестПо тешките денови на терен пожарникарите од Куманово бесплатно ќе можат да гледаат комедии и да се насмеат со претстави
Следна вестНотарска комора: Министерот може да ги укине измените на Нотарската тарифа, но со тоа нема да ги реши проблемите