Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески, по мечот меѓу Вардар и Пелистер

По завршување на мечот меѓу Вардар и Пелистер во финалето на Купот на Македонија дојде до мешаница на теренот. А неколку часа по завршување и на средбата, на „Инстаграм“ профилот на Филип Талески може да се види видео на кое полицаец го удира репрезентативецот со пендрек по глава.

Вардар не дозволи втора победа во низа на Еурофарм Пелистер на вечните дерби пресметки во ракометна Македонија, па со триумф успеа да одбрани еден од двата трофеи оваа сезона.

Откако ја загуби битката за домашното првенство, вардарци денеска излегоа помотивирани и со повеќе желба во Куп пресметката, па на крајот го добија дуелот со 26:25 и одново го освоија трофејот во ова натпреварување.

Еден од најдобрите поединци во редовите на Вардар беше репрезентативецот Филип Талески, но македонскиот бек не можеше целосно да се израдува на триумфот, бидејќи во финишот на финалето следуваше инцидентот. Видеото веќе е споделено низ сите европски медиуми.

Претходна вестОд 8.30 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје
Следна вестЈавно обвинителство: Со багер ја урнале оградата, сакале самоволно да прават паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“