Полицајци од Штип спасија две лица од пожарите

91

Полициските службеници од СВР Штип и РЦГР Исток учествуваа во гасењето на пожарот на планината Готен и Малешевските планини и спасија две лица.

Во изминатите неколку дена полициските службеници од СВР Штип- ОВР Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток учествуваа во гасењето на пожарот на планината Готен и Малешевските планини.

Со голема посветеност и храброст, тие дадоа голем придонес во справувањето со пожарот, а спасија и две лица чии животи беа загрозени од огнот односно беа пронајдени во бесознание и по укажаната помош на лице место, беа пренесени во здравствена установа, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОколу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена
Следна вестСончево со мала до умерена облачност