Полицијата ќе ја добие ли битката со „збеснатите“ возачи во Скопје?

Сообраќајната некултура е константа во Скопје. Од МВР уверуваат дека прават засилени контроли.

Вчера, на територија на град Скопје биле изречени вкупно 167 казнени мерки. За возење повеќе од дозволената брзина имало 53 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

Слични беа бројките и минатите денови… но и само 20 минути да се постои на една кростосница ќе се види дека има многу несовесни возачи во Скопје.

До кога сообраќајната некултура ќе биде доминантна на скопските улици? Полицијата ќе ја добие ли битката со „збеснатите“ возачи во Скопје?

 

Претходна вестДенес и утре портокалова фаза во Македонија-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население
Следна вестДвајца гостиварци фатени со 34 пакетчиња хероин