Полицијата приведе осуденик додека пазарел во маркет во Битола, го барале со потерница

Прилепчанец кој се барал со централна потерница од Идризово за издржување на казна затвор во времетраење од една година и два месеца бил приведен во Битола.

Од МВР информираа дека 46-годишниот маж вчера околу 18.20 часот бил приведен во маркет на улицата Филип Втори Македонски.

Приведувањето е врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово.

Претходна вестАвтомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Следна вестПетрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја, ЕСМ наскоро ќе биде вратено во нормала