Полицијата трага по убијците кој вчера усмртија две лица во Чаршија

Триесет и седум годишниот Ј.К. и дваесет и осум годишниот Е.И загинаа вчера во угостителски објект на улицата „Самоилова“ во Скопје, откако 5 маскирани лица со огнено оружје пукале кон нив. Третиот кој седел со починатите, А.Т.(34) со прострелни рани бил пренесен во Градската општа болница каде му е укажана лекарска помош.

– Вчера околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Самоилова“ во Скопје, пет лица облечени во црна облека со фантомки на главата од огнено оружје пукале кон Ј.К. и Е.И. од Скопје по што починале на самото место додека А.Т. исто така од Скопје кој седел со нив се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е и јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција, се вели во соопштението од полицијата.

Инаку неофицијално, планираното убиство се одвивало така што вооружената група со фантомки на главата влегла во локалот на „Самоилова“ и соопштила дека ќе се прави полициска рација со наредба никој од присутните да не мрда. Жртвите седеле во одделна просторија каде што по пукањето двајца од нив починале на самото место.

Од МВР информираат дека до сега се извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството.

Претходна вестРадиоактивно возило сопрено на српската граница
Следна вестИзложба „Мајчинство“ во Чифте амам