Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1062 возачи.
Пресметката покажува дека во изминативе 24 часа, практично, на секои минута ипол бил казнуван по еден возач поради овој тежок сообраќаен прекршок. Инаку, вчера беше последен ден од викендот.
-Од нив, 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 572 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 490 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци, информира полицијата.
Ќе успее ли конечно полицијата да ги скроти „здивените“ возачи?
Од МВР уверуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.