Полицаец испукал неколку куршуми на приватен настан во Бутел

Неколку куршуми од службениот пиштол ноќеска околу полноќ во Скопје испукал полициски службеник.

Според информациите на МВР, ноќеска околу полноќ во полиција било пријавено дека на ул. Призренска, во скопската општина Бутел, се слушала гласна музика и истрели од огнено оружје.

-По излегување на местото на настанот, од полициски службеници било констатирано дека Б.Т.(29) од Скопје, полициски службеник, од службениот пиштол испукал неколку пати во воздух. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола. На местото на настанот пронајдени биле чаури, се наведува во информацијата на полицијата.