Полицаец повреден од струен удар од семафор

Полицаец се здобил со повреди откако го удрило струја на семафор во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 09.30 часот на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства го удрило струја при исклучување на семафор.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Претходна вестБројот на заразени е 171, но на починати од ковид е 26
Следна вестСкопјани пробиле картички на двајца струмичани – потрошиле 90.000 денари, сега ќе одговараат