Темен режим Режим на светлина

Убаво: Полицајци од Аеродром направија дом за напуштено куче

Убав пример на грижата за бездомните животни покажаа деновиве полицајците од полициската станица во скопската општина Аеродром.

Тие во близина на станицата нашле напуштено кученце по што заеднички решиле да се грижат за него.

Кутрето сега има своја куќичка во дворот на станицата каде тие го хранат и се грижат за него.

Овој потег на полицајците беше поздравен  на фејбук – страница на групата Dausy Family Rescue која што се грижи и за вдомување на ваквите животни.

Потегот на полицајците, без сомение, е за секоја пофалба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Медицински сестри и техничари од Кочани доаѓаат на помош во Инфективна во Скопје

Следна објава

Повторно настрада пешак на една иста улица во Аеродром