Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање да бидат вакцинирани против ковид во првата или најкасно во втората фаза, бара Македониот полициски синдикат.
Во име на 8.500 членови тие испратиле писмено барања до премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски и доректорите Еролд Муслиу, Виктор Димовски и Арафат Муареми, во кое велат дека поради нивната работа се први на удар од заразата заедно со здравствените работници.