Полицијата казни 731 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 731 возач.

-Од нив 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, укажува МВР.

 

Претходна вестСончево со слаб ветер
Следна вестПриведен скопјанец баран за криумчарење на мигранти