Полицијата пак ги скротувала мотоциклистите, ги казнува ли и за буката?

Сообраќајната полицијата синоќа се фокусирала на мотоциклистите. Имено, за 7 часа (од 18.30 до 1.30 утрово) скопската полиција спровела акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли по скопските улици.

Како што соопштуваат од полицијата, при контролата санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.

Скопјани искажуваа задоволство од спроведувањето на претходните вакви акции и прашуваа: неподносливата бука што ја прават по полноќ дали се казнува, или само ако немаат кацига и ако возат брзо?