Полицијата со предупредувачки истрели смирувала тепачка во Гостивар

Две групи се степале синоќа во Гостивар а тепачката завршила откако полицајци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели.

Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект, по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар, неколку лица физички го нападнале со тврди предмети.

Според пријавата во МВР, едниот од напаѓачите извадил остар предмет со кој се заканувал на нападнатото лице. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат.

По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.