Полицијата за 6 часа уловила 102 пребрзи возачи, ловот треба да е секојдневен

Полицијата синоќа спровела акција за контрола на сообраќајот во Скопје. Во периодот од 22:00 до 4:00 часот сообраќајците ловеле возачи што ја пречекориле брзината на движење и при тоа санкционирала 102 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај спровело акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол и санкционира 27 возачи.
Податоците се загрижувачки. Големо е несоодветното однесување на дел од возачите. Полицијата треба да биде почесто на терен.