Скоро 5.000 лица не го почитувале полицискиот час, затвореноста донесе и многу семејно насилство  

Вкупно 4.783 граѓани во изминативе 66 дена не ја испочитувале забраната за движење во време на полицискиот час, информира денеска Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

Тој додаде дека од нив дури 3.110 биле приведени, при што најнедисциплинирани биле граѓаните на Скопје и на Битола додека одделенијата на територијата на Велес и Куманово забележуваат најдисциплинирани граѓани.

-До сега 1.973 лица се затекнати без лична заштита маски, додека на социјалните мрежи имало 57 настани на говор на омраза за Ковид 19, поради што до ОЈО биле поднесени 33 известувања и две кривични пријави, наведе министерот

Чулев ги потсети граѓаните дека опасниот корона вирус е и натаму присутен во земјава и дека е потребно задржување на одговорното однесување.

-МВР и натаму ќе остане посветено на контролата на придржувањето на заштитните мерки од страна на граѓаните, на носењето на заштитна опрема и одржување на дистанца, а ќе има и зголемена контрола на работата на угостителските објекти, потенцира тој.

Чулев наведе и податок дека во изминатиов период, од 12 април до 12 мај се забележани 85 кривични дела поврзани со семејното насилство, најмногу на подрачјето на Скопје, Охрид и Струмица и се поднесени пријавите против 54 сторители

-Добиени се и 373 поплаки од граѓаните за семејно насилство што е за 44,6 процент повеќе отколку во истиот период лани, наведе министерот

Тој додаде дека намалениот сообраќај во време на полицискиот час имал и своја добра страна: за 40 проценти се намалени сообраќајните несреќи со потешки последици.

Претходна вестСкопјанец шетал со марихуана во центарот на градот
Следна вестМуфтиите го разрешија реисот Реџепи