Полицискиот час престана, но маските и растојанието од два метри остануваат задолжителни

Полицискиот час се укинува, но тоа не значи дека не треба и понатаму да се внимава во врска со корона вирусот. Впрочем, Министерството за здравство повикува дека граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од вирусот.

Останува задолжително носењето на заштитна опрема, честото миење и дезинфицирање на рацете, како и одржувањето на потребната физичка дистанца од 1.5 до два метра.

-Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со корона вирусот, се наведува во соопштението.

Во однос на регистрираните случаи со Ковид-19, од Министерствто велат дека тие се контролираат и се во постојана комуникација со медицинскиот тим.

Во овој момент, се додава во соопштението, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи, има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.

Претходна вестВо Скопје кластери на корона вирусот се во Чаир, Гази Баба и Сарај
Следна вестАко има зголемен број на болни пак ќе има рестриктивни мерки