Полска бара отштета од Германија од 1,3 билиони долари поради претрпени штети во Втората светска војна

Stroop Report 2/4 Record Group 038 United States Counsel for the Prosecution of Axis Criminality; United States Exhibits, 1933-46 HMS Asset Id: HF1-88454435 ReDiscovery Number: 06315

Исплата на отштета од 1,3 билиони долари на земјата за штетите предизвикани од нацистите за време на окупацијата во Втората светска војна побара Полска од Германија. . Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау потпиша официјална нота пред неговиот состанок со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Варшава.

Рау рече дека нотата ќе биде доставена до германското Министерство за надворешни работи и оцени дека таа го задржува неговиот став оти двете страни треба без одлагање да преземат чекори во однос на ефектите од германската окупација на Полска од 1939 до 1945 година на „траен, сеопфатен, правно-обврзувачки и материјален начин“.

Според него, тоа не се однесува само на германските репарации, туку и на решавањето на проблемот со ограбените уметнички дела, архивите и банкарските депозити, а Берлин треба да се потруди да го запознае германското општество со „вистинската“ слика на војната во нејзината катастрофална ефекти врз Полска.

На 83-годишнината од инвазијата на нацистичка Германија во 1939 година, проследена со петгодишна окупација, на 1 септември годинава полската влада презентираше сеопфатен извештај за штетата, проценувајќи ја на 1,3 билиони долари, а тоа го прогласи за основа на идното барање за обештетување од Германија.

Наспроти барањата на Полска, Германија тврди оти земјата се откажала од натамошни репарации уште во 1953 година, а дека истото го има потврдено неколкупати.

Полската влада ја отфрла декларацијата од 1953 година со која тогашните комунистички лидери, под притисок на Советскиот сојуз, се согласија да не поставуваат натамошни барања кон Германија. Околу 6 милиони полски граѓани, вклучително и 3 милиони Евреи беа убиени во војната, додека индустријата, инфраструктурата и културата во земјата беа речиси целосно уништени.

Претходна вестПоднесено обвинение против Мухамед Зеќири, го оштетил државниот буџет за 1,5 милион евра
Следна вестРодителите му ги доверувале на чување трите деца, тој вршел обљуба врз најстарото дете