Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување

Во ЕУ се почесто има разногласија и проблеми. Околу ова јавно се произнесе и полскиот премиер Матеуш Моравјецки кој ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки. За сето ова тој напишал текст кој е објавен на веб-страницата на весникот „Велт“.

-Политичката практика покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите останати“, напиша Моравјецки за германскиот весник, повикувајќи на пристап заснован на повеќе консензус. „Значи, постои формална демократија и де факто олигархија во која власта ја имаат најсилните“, тврди тој, додавајќи дека мора да се бори против империјализмот на ЕУ, како и против рускиот империјализам.

Премиерот, чија влада на партијата за Право и правда (ПиС) постојано има конфликти со Брисел околу прашањата за владеење на правото, рече дека руската инвазија на Украина го привлече вниманието на недостатоците на ЕУ.

Тој повика на „длабока реформа што ќе ги врати општото добро и еднаквоста во првите редови на принципите на унијата“.

Претходна вестПочина македонската фудбалска легенда Кирил Дојчиновски
Следна вестБугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Македонија