„Помеѓу“ – промоција на најновото издание на српската поетеса Бактијаревиќ

„Помеѓу“ е насловот на поетската книга на српската поетеса Валентина Бактијаревиќ, што ќе се промовира на 12 јуни, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар.
На промоцијата, покрај авторката, ќе говорат и Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Владимир Лукаш и Ѓоко Здравески.
„Помеѓу“ е прва книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ. Објавена е двојазично – на српски и на македонски јазик, а препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески.