Пообилни врнежи во западните и јужните региони

12

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните региони, а на повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, а максималните од 8 до 12 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно време со локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 3 степени, додека дневната ќе достигне до 11 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност, од вечерва па сè до крајот на неделата следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата, а на повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Минималните температури ќе останат позитивни на целата територија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСДСМ со целосно освежување: целото раководство си поднесе оставки
Следна вестТрамп: Цел ми е трајна суспензија на имиграцијата од „третиот свет“