Во очекување на денешната одлука за новата малопродажна цена на горивата, Компанијата ОКТА информираше дека го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар.
„Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени“, се наведува во соопштението од ОКТА.
Вчера Владата ги намали акцизите на горивата, па за денеска се очекува кај дизелот да нема корекција на цената, а бензините да се намалт за два денари.




