Поради градежни активности, утре затворен за сообраќај мостот „Беласица“

Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.

Привремен сообраќаен режим утре на мостот „Беласица“. ЈП „Улици и патишта“ соопшти дека од 8 до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.

„Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација“, соопшти јавното претпријатие.

Од „Улици и патишта“ апелираат внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.

Претходна вестAмериканец влегол во касарната Илинден без дозвола
Следна вестСе скарале па му извадил пиштол, тепачка во кафеана во Илинден