Поради густата магла откажани 9 лета на скопскиот аеродром

Поради густата магла и слабата видливост, откажани биле 9 лета на скопскиот аеродром, а 4 се пренасочен. Ова го информираат од ТАВ Македонија.

-Од 20 часот на први јануари до 9 часот наутро, денеска на втори јануари 2023 година, 9 лета беа откажани, а 4 лета беа пренасочени, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.

Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.

Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања.

Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Претходна вестПронајдено телото на жената што се фрли во Вардар кај Велес
Следна вестПо котлините утринска магла, преку ден сончево со малку облаци