Поради недостиг на пристап на докази, Минесота ја прекинала истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена

25

Бирото за криминални истраги на Минесота се повлекува од истрагата за агент на американската Имиграциска и царинска служба, кој смртно застрела 37-годишна жена, откако Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда на САД ја прекинале соработката во случајот, известуваат од таму.

„Без целосен пристап до доказите, сведоците и собраните информации, не можеме да ги исполниме истражните стандарди што ги бараат законите на Минесота и јавноста“, се наведува во соопштението на Бирото за криминални истраги.

Не се соопштуваат дополнителни детали за причините поради кои федералните институции ја прекинале соработката, ниту за понатамошниот тек на постапката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестУченичка во средно училиште во Словенија била нападната со нож
Следна вестЕкипи на „Водовод“ и граѓани на терен по поплавите во Битола