Поради пожар, скопските општини Аеродром, дел од Центар и Гази Баба без струја

61

Скопските општини Аеродром и Лисиче попладнево останаа без струја, а ситуацијат се влошува поради пожар кој избил во Ново Лисиче, од засега непознати причини.

Граѓаните во овие две општини немаат струја повеќе од еден час, а противпожарните екипи веќе се на терен.

Од ЕВН за 24инфо соопштија дека прекинот е поради дефект на 110кВ трафостаница „Аеродром“:„Поради дефект на 110кВ трафостаница ‘Аеродром’ моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатија на лице место со цел санација на дефектот.“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини
Следна вестПожарот кај поранешната депонија Вардариште ставен под контрола