Порака од прв Национален средношколски самит: Не е пријатно да се учи од стари учебници или да бидете спречени да учите

На Економскиот факултет при УКИМ вчера се одржа првиот Национален средношколски самит на кој средношколците имаа можност да ги истакнаат своите ставови и предлог решенија за проблемите со кои се соочуваат во образовниот систем.

Анисија Угриновска, претседател на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) којашто го прганизираше Самитот, истакна дека ставовите и предлог решенијата кои беа истакнати на Самитот ќе бидат сублимирани во Декларација.

– Тоа е и целта на самитот на кој се поканети средношколци од сите средни училишта во државата, тие имаа шанса да ги истакнат своите ставови и своите предлог решенија за постоечките средношколски прашања, а истите потоа ќе бидат вметнати во Декларацијата која ќе биде документ кој ќе ги идентификува слабостите на образовниот систем во Макеоднија, а исто така ќе предвиди мерки за подобрување на истиот. Секој средношколец ќе има шанса да учествува подеднакво во подобрувањето на својот систем, изјави Угриновска.

Таа оцени дека средношколците во никој случај не смеат да бидат пасивни учесници во образовниот процес, туку напротив активно и проактивно да учествуваат во неговото подобрување.

– Имаме прилика да бидеме создавачи на средношколските политики и секако да бидеме во чекор со генерацијата. Носењето на средношколските политики можам да кажам дека со периодот на изолација на социјална дистанца нашето учество можеби беше ставено на периферија, токму сега е моментот истото да го смениме и зголемиме нашето учество, порача таа.

Одговарајќи на прашање во однос на учебниците, Угриновска рече дека учениците не треба да учат од стари материјали, или пак да се соочуваат со недостаток.

– Не е пријатно да се учи од стари учебници или да бидете спречени да учите, бидејќи немате учебници можам да забележам дека на учениците не им се допаѓа тоа, не можеме да учиме од стари учебниици и апелираме до надлежните да го средат проблемот што поскоро, потенцира Угриновска.

Претходна вестНајмалку 174 загинати навивачко стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија
Следна вестСемејството го идентификува безживотното тело на Ердон Рамадани, следува и обдукција