Темен режим Режим на светлина

Поранешен директор на Онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување пациенти

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен.

-Не, апсолутно не, одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Во судница присутни се и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.

На почетокот, судијката Снежана Марковска, информираше дека приговорите на одбраната за вештачењата изработени во Словенија и Србија, се одбиваат како неосновани.

-Не се дозволува издвојување на вештачењата од списите на доказите по предметот. Со оглед дека се доставени замолници за меѓународна правна помош до надлежните органи согласно законите за меѓународна правна помош, судот цени дека доказите се прибавени на законите начин, изјави судијката Марковска.

Судот на почетокот го одби и барањето за спојување на постапката од страна на одбраната на Нино Васев со предметот што се види против него и економскиот директор на Онкологија Нехат Нухи.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска во однос на предлогот рече дека од доказите набавени во истражната постапка е донесена одлука за поднесување на две засебни обвиненија од објективни причини.

-Природата на кривичните дела воопшто не е иста и доказите кои ги цитирате не се во голем број за да направат суштинска разлика. Обвинителството смета дека е поцрлисходно постапките да се одвоени и да се водат засебни, изјави Гоговска Јакимовска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Водата како енергетска стратегија: Австрија го живее хидропотенцијалот

Следна објава

Ѓорѓиевски најавува нови културни политики и поддршка за независната сцена