Пороен дожд и грмежи, локално со силен ветер и појава на град

Денеска сонцето не се очекува да се пробие низ облаците во значителна мера, што значи дека цел ден останува променливо облачно.

Дождот што не разбуди изутрината, останува и во текот на денот, на повеќе места пороен пропратен со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Температурата во скопскиот регион според метеоролозите максимално ќе достигне до 30 степен. УВ индексот и денеска е 6.

Претходна вестПромоција на “Македонисимо” на Симон Трпчески во сабота во село Збажди
Следна вестНСП: Полицајци плаќаат од џеб за лекување оти немаат здравствено осигурување