Пороен дожд и грмежи, силен ветер и град попладнево ќе ја зафатат Македонија

116

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град.

Претходна вестМаж со туѓа картица извадил 130.000 денари од банкомат
Следна вестНа Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути