Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша

Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата.

Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија.

Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на април во Португалија е забележано невообичаено топло и суво време, а досега 90 отсто од копнената површина на земјата е зафатена од суша.

Тешката суша зафати една петтина од територијата на Португалија, двојно повеќе отколку во март и речиси петпати повеќе од една година порано при што особено погодени се североисточниот и јужниот регион.

Претходна вестМакедонија во група со Германија, Франција и Швајцарија на ЕП 2024
Следна вестАкадемија Пандев останува прволигаш, Скопје во баражот за опстанок