Посебен режим и прекин на дел од патиштата поради дождовите

Од вчера од 17:00 часот сообраќајот на регионалниот пат од с.Трново – Општина Крива Паланка е нормализиран во двата правци за сите моторни возила. Патот претходно беше во прекин поради обилни врнежи од дожд.

Од настанатите поплави неделава во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница М.Каменица – Делчево. Извршено е примарно санирање,но поради поголема безбедност на сообраќајот. Вчера е извршено затвореање на едната лента од мостот до комплетно завршување на работите. Затворањето е извршено со прописна верикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.

Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Претходна вестУбедлив пораз на македонските одбојкарки на гостувањето во Австрија
Следна вестСанкционирани 202 возачи во Скопје, 102 за брзо возење