Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на шпанскиот премиер

Посебен режим на сообраќај денеска ќе биде воведен во централното подрачје на градот, информира денеска МВР. Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на нашата држава на премиерот на Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Претходна вестПроменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
Следна вестБик усмртил прилепчанец