Посебен сообраќаен режим во вторник и среда во Скопје

На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на државата ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија.

Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Претходна вестПриведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје
Следна вестПочинато бебе донесено на Клиничката болница во Битола