Посебна фан-зона за македонските навивачи во Белгија

27

Фудбалската федерација на Македонија информира дека пред петочниот натпреварот Белгија – Македонија ќе биде организирана официјална фан-зона за македонските навивачи.

Македонската фан-зона ќе биде на местото Коренмаркт во Гент. Ќе почне од 11:00 часот на денот на натпреварот и ќе трае до 18:00. Натпреварот е со почеток од 20:45 часот.

Фан-зоната ќе биде место на собирање, дружење и заедничка поддршка за репрезентацијата пред почетокот на натпреварот.

ФФМ обезбедила бесплатен организиран превоз за сите навивачи од фан-зоната на Коренмаркт до стадионот „Планет Груп Арена“ и назад. Поаѓањето на автобусите е во 18:15 часот.

Навивачите може да ја најдат точната локација на фан-зоната преку QR-кодот на објавениот флаер.

„Да ја покажеме македонската поддршка и заедно да создадеме вистинска навивачка атмосфера во Гент“, порача ФФМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТоневски најави субвенции за енергетски ефикасни фасади во Пробиштип
Следна вест17-годишен ученик повредил 15-годишен соученик во Кичево