Посетете ги бесплатно музеите денеска

По повод Меѓународниот ден на музеите и Европската ноќ на музеите 2019, денеска сите посетители ќе можат бесплатно да влезат во музеите насекаде. Во Археолошкиот музеј се изложени над 400 артефакти од изложбата „100 години Требениште“, во објектите на Националната галерија, во тек се три изложби: Младинскиот пролетен салон е во Мала станица, во Чифте амам на Африм Спахиу, а во Даут пашин амам на Костадин Танчев-Динка.
Во Музејот на Град Скопје е поставена јубилејната изложба: „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил.
За прв пат Фондот на Холокауст на Евреите од Македонија, организира повеќе настани во Меморијалниот центар на Холокаустот, на темата „Музеите како културни центри: иднината на традицијата“.