Поскапува дизелот, бензините со иста цена

Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит, додека онаа на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 95,50 (денари/литар), Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 98,00​ (денари/литар), Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В)​ ​ 95,50 (денари/литар), Масло за горење​​ Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 94,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 53,343 (денари/килограм).