По 24 години ФК Силекс во финалето од Купот на Македонија, таму ги чекаат пандевци

Кратовскиот фудбалски прволигаш Силекс, по пауза од 24 години избори нов настап во финалето од Купот на Македонија, каде за противник на 19 мај ќе го има составот на Академија Пандев. Ова за кратовци ќе биде четврти настап во финалето од Купот на Македонија.

Силекс, во Струга, забележа минимална победа над домаќинот. „Тврдиот“ натпревар го реши Каракамишев во 81.минута. Имено во 26. минута кратовскиот тим постигна гол преку Пепи Ѓорѓиев, но судиите го поништија поради наводна офсајд-позиција. Во 58. минута шанса имаше и домаќинот да ја затресе мрежата преку Клисман Цаке кој со удар со глава го стави на вистински маки гостинскиот голман кој успеа да спречи топката да заврши во мрежата на самата гол – линија.

Кратовчани во досегашните три настапи во финалињата на Македонскиот куп, два пати го имаат кренато пехарот во своите раце.