Постара жена загина откако момче со „ауди“ удри во неа

Постара жена вчера почина по сообраќајна несреќа што се случила во Куманово, соопшти полицијата.

-На 30.07.2022 околу 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Куманово, удрило во пешаците Р.Д.(80) и Н.Н.(85), двајцата од Куманово, соопшти полицијата

По несреќата, на Р.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде на 01.08.2022 починала.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Претходна вестЧетири починати лица, нови 178 заразени со Ковид -19
Следна вестМНР и МО и одговорија на Захарова: С. Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно