Во петокот е постигнат договор со синдикатот на Управата за јавни приходи и вработените ќе добијат покачување на плата, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21. На прашањето дали има конечна одлука за штрајкот во УЈП таа рече дека е потпишан колективен договор.
-Потпишан е колективен договор во петокот меѓу „Солидарност“ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии, вели Лукаревска.
На прашање кога вработените ќе добијат зголемување, Лукаревска истакна дека веќе следната плата ќе биде исплатена со 30 процентно покачување.
Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев.